Реклама
Македонија

Општина Бутел: Eднократна финансиска помош од 2.000 денари за најранливата категорија пензионери со минимална пензија

Општина Бутел објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош во износ од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Бутел објави јавен повик за доделување еднократна финансиска помош во износ од 2.000 денари за најранливата категорија пензионери со минимална пензија.

Јавниот повик ќе биде отворен од утре до 24 февруари 2026 година. Документацијата треба да се доставува во просториите на Општина Бутел, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Право на аплицирање имаат жители на Општина Бутел кои се приматели на старосна, семејна или инвалидска пензија со износ до 22.547 денари. Исплатата ќе се врши по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Реклама

– Со оваа мерка, Општина Бутел ја продолжува грижата и поддршката за своите најстари сограѓани, се наведува во соопштението.