Реклама

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Македонија

Муцунски во Дубаи на Светскиот самит за влади

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од денеска до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од денеска до четврток престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, каде што ќе учествува на Светскиот самит за влади, што се одржува со мотото „Обликување на идните влади“.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на Самитот ќе учествуваат над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 20 претседатели на меѓународни организации, како и над 500 министри и лидери од мултинационални компании од целиот свет, а посветен е на унапредување на меѓународната соработка и изнаоѓање иновативни решенија за идните глобални предизвици.

– Во рамките на Самитот, министерот Муцунски ќе учествува и ќе се обрати на панел-дискусијата The next logistics order: What must change?, како и на министерска тркалезна маса, посветена на развојот на глобалните логистички и трговски системи и актуелните геополитички промени – најавија од Министерството.

Реклама

За време на посетата, предвидено е потпишување меморандум за разбирање меѓу владите на Македонија и Обединетите Арапски Емирати, како и одржување многубројни билатерални средби со високи претставници на држави, меѓународни организации и мултинационални компании.

– Учеството на министерот Муцунски на Светскиот самит за влади во Дубаи претставува потврда на активната улога на Македонија во промовирањето на мирот, стабилноста и меѓународната соработка, како и на заложбите на македонската дипломатија за продлабочување на односите со клучни меѓународни актери, вклучително и со земјите од арапскиот свет и Блискиот Исток – истакнаа од Министерството.