Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Мицкоски: Укинувањето на постмониторингот е историски ден како прогласувањето на независноста

По години надзор, извештаи и критики – меѓународна потврда. Советот на Европа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По години надзор, извештаи и критики – меѓународна потврда. Советот на Европа го укина постмониторингот за Македонија, одлука која премиерот Христијан Мицкоски ја нарече историска и ја спореди со најкрупните моменти од државната историја, оценувајќи ја како силен доказ за демократскиот напредок и стабилноста на институциите.

Со оваа одлука, Македонија станува единствената земја од Западен Балкан која не е ниту во мониторинг, ниту во постмониторинг, што според Владата претставува признание за почитувањето на човековите права, слободата на говорот и функционалноста на институциите. Сепак, пораката од Владата е дека овој резултат не треба да значи запирање, туку дополнителен поттик за понатамошна работа.

„Укинувањето на постмониторингот од Советот на Европа е уште една потврда дека станува збор за историски настан, рамо до рамо со денот на прогласувањето на независноста на државата…“

Реклама

Најавите за можен ноу-пејпер на Европската Унија, во кој наводно се споменува и модел на членство без право на глас за земјите кандидати, отворија нови дилеми за иднината на европската интеграција на регионот. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема да носи заклучоци врз основа на шпекулации и инсистира најпрво да се види дали ваков документ воопшто постои.

„Најпрво треба да го видиме тој ноу-пејпер. Да видиме дали навистина постои, дали некој лидер од регионот го побарал тоа од Европската Унија…..

Според него, идеите за постепена интеграција и различни заштитни механизми не се нови во европската пракса, но секој модел мора да се разгледува внимателно и во контекст на крајната цел – полноправно членство. Владата, како што посочува, останува цврсто на таа позиција, и покрај компликациите наследени од претходниот период во евроинтегративниот процес.

Во тој контекст, Мицкоски упати и критики кон поранешната власт, оценувајќи дека направила сериозни отстапки кои и денес имаат последици. Сепак, пораката од Владата е дека пристапот ќе остане конструктивен и насочен кон дијалог, без оглед на времето што ќе биде потребно за решение.

По потврдата на Советото на Европа дека Македонија е зрела демократија , но по лидерскта средба во јавноста повторно е акутелизирана темат за техничката влада. Премиерот смета дека моделот е надминат и дека не придонесува за ефикасност на системот, туку напротив, го забавува носењето одлуки и ја намалува одговорноста.

И покрај тоа, Владата најавува дека за следните избори ќе ја остави можноста за техничка влада, по тој изборен циклус, како што беше посочено, ваквиот модел повеќе нема да се применува.