Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Со уметност, емоција и солидарност официјално беше отворена Фондацијата „Фросина Кулакова“

Со донаторската вечер „Конци на светлината“ (Threads of Light), која се одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со донаторската вечер „Конци на светлината“ (Threads of Light), која се одржа синоќа, официјално беше одбележан почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива посветена на градење култура на грижа, правда и свесност и на системска поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии, се вели во соопштението од Фондацијата „Фросина Кулакова“. 

Настанот ги обедини уметноста, културата и јавната одговорност во една силна и достоинствена вечер, во која беа изложени и ставени на хуманитарна аукција дела од македонски уметници и креативци од разни области. Преку аукцијата беа собрани вкупно 512.500 денари, средства што ќе бидат наменети за програмите на Фондацијата, вклучително и за психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии, како и за фондот за стипендирање млади талентирани уметници, кои поради социјални или финансиски причини не може да ја остварат својата креативност и да ја изградат својата иднина.

На донаторската вечер присуствуваа многубројни високи државни претставници, меѓу кои и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на собранието, Африм Гаши, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, министерот за култура, Зоран Љутков, министерот за правда, Игор Филков, министерката за образование, Весна Јаневска, претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски, како и многубројни гости од културната сцена, институциите, дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор и јавниот живот.

Реклама

На присутните им се обрати директорката на Фондацијата, Росица Кулакова, сестра на трагично починатата Фросина, која зборуваше за патот од личната загуба до одлуката таа болка да се претвори во јавна мисија.

„Фондацијата ‘Фросина Кулакова’ се роди по загубата што го прекина текот на еден млад живот, но и од одлуката таа загуба да не остане затворена меѓу ѕидовите на нашиот дом, туку да стане одговорност, свест и заложба за подобар свет. Денес името на Фросина не го изговараме само како спомен, туку како повик за правда, за безбедност, за човечност, емпатија и солидарност. Оваа вечер е само почеток на процес, во кој од заедничката болка се ткае љубов, надеж и смисла“, истакна Кулакова во своето обраќање.

Во своето обраќање директорката Росица Кулакова сподели дека во текот на вечерта министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изразил особен интерес за идната соработка помеѓу Фондацијата и Министерството за внатрешни работи упатувајќи официјална покана за потпишување меморандум за соработка. Таа истакна дека поддршка и подготвеност за партнерство била изразена и од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, предводен од претседателот Горан Ангеловски, со што Фондацијата добива институционален партнер во својата мисија за системски пристап кон превенцијата и безбедноста во сообраќајот.

Посебен и длабоко емотивен момент на вечерта беше претставувањето на официјалната химна „Фросина“, отпеана од познатиот автор Александар Митевски заедно со хорот „Фрида“ под водство на Сузана Турунџиева, по текст на Огнен Неделковски. Химната на Фондацијата беше најавена од мајката на Фросина, Камелија, а присутните ја проследија со силни емоции и долги аплаузи како достоинствена почит, но и како силна јавна порака за смисла, одговорност и промена.

Фондацијата „Фросина Кулакова“ е основана од семејството на трагично починатата Фросина со цел да создаде долгорочна и одржлива платформа за подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот, за развој на кампањи за општествена одговорност и за обезбедување психосоцијална и правна поддршка за семејствата што се соочуваат со последиците од сообраќајни несреќи.

Донаторската вечер „Конци на светлината“ го означи почетокот на една иницијатива, која има цел тишината по трагедиите да ја претвори во глас за промена и во трајна заложба за колективна одговорност.