Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Меџити: Булеварот Цветан Димов ќе се гради, ниеден деловен објект нема да биде урнат

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, вчера, во емисијата „Клик плус“ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, вчера, во емисијата „Клик плус“ на ТВ „21“, информира дека изградбата на булеварот Цветан Димов веќе е вклучена во буџетот на Град Скопје и дека процесот ќе продолжи без одложувања, се наведува во соопштението од „Вреди“.

Според Меџити, се работи со висок интензитет за да се обезбеди целата потребна документација и да се најдат решенија што нема да ги оспорат градежните работи. Тој нагласи дека најкритичната точка останува станбениот објект спроти основното училиште „Лирија“.

„Нема деловни објекти што треба да се уриваат. Доколку евентуално на некој граѓанин му биде одземен дел од неговиот имот, тој ќе биде правично обесштетен“, изјави Меџити.

Реклама

Меџити беше дециден дека проектот ќе се реализира.

„Изградбата на булеварот Цветан Димов ќе се реализира, тука нема дилеми“.