Реклама
Македонија

Отворен повик за 18. издание на проектот ЛИДЕР, кој ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развиваат локални бизнис-решенија

Македонија2025 објави отворен повик за проектот ЛИДЕР, кој по 18. пат ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија2025 објави отворен повик за проектот ЛИДЕР, кој по 18. пат ќе се одржи од 14 до 27 април 2026 година во Скопје. Проектот се реализира во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат оваа програма уште од 1991 година. Програмата претставува десетдневна MBA (Master of Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развиваат локални бизнис-решенија што создаваат нови можности за социјален и економски развој.

Повикот е отворен до 15 март 2026 година, а на него можат да се пријават учесници до 35 години, претприемачи, менаџери, сопственици на компании, млади професионалци од бизнис-сферата, како и сите заинтересирани кои сакаат да ги продлабочат своите знаења од областа на бизнисот и претприемништвото.

-Преку интерактивни методи на учење и работа со студии на случаи, учесниците ќе имаат можност да стекнат дополнителни практични знаења и вештини за сите фази од развојот на бизнисот, вклучувајќи изработка на стратегија, финансии, маркетинг, промоција, продажба и раст, како и да го унапредат своето бизнис-размислување, велат од Македонија2025.

Реклама

Во текот на програмата, додаваат, учесниците ќе имаат можност и за индивидуални менторски сесии со инструктори од Ivey Business School и/или ментори обезбедени од Македонија2025.

-Инструкторите на проектот ЛИДЕР доаѓаат од канадската Ivey Business School и ќе им помогнат на избраните кандидати да воведат нови бизнис-практики во работењето на своите постоечки компании или да ги претворат своите идеи во одржливи и успешни бизниси, посочуваат од Македонија2025.