Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Прилози

„71% поддршка за ЕУ – Македонија повторно гледа кон Брисел“

По години јавен евроскептицизам, дилеми, проблеми со соседите за патот кон Унијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По години јавен евроскептицизам, дилеми, проблеми со соседите за патот кон Унијата –  Македонија повторно го враќа европскиот курс. Новото истражување на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ покажува драматичен пресврт во расположението 71% од граѓаните денес го поддржуваат членството во Европската Унија – речиси 10 процентни поени повеќе од лани.

Податоците откриваат неколку силни трендови: 71% поддршка за ЕУ, 14% евроскептици, што е значително намалување на неопределените и апатичните испитаници.

Особено важен е фактот дека 71% од етничките Македонци сега ја поддржуваат интеграцијата – 15% повеќе од лани – што ја намалува долготрајната етничка разлика.

Реклама

Граѓаните остануваат поделени за тоа како понатаму: 27% бараат повторно преговарање на рамката, 24% ја поддржуваат промената на Уставот,поддршката за уставните измени е стабилна три години (20–24%), политичката неангажираност опаднала од 29% (2023) на 21% (2025).

Ова укажува дека граѓаните повеќе не се рамнодушни, туку бараат објаснување и дејствување.

51% од граѓаните сега ги гледаат преговорите како унапредување на законите и стандардите – пораст од 33 процентни поени во однос на 2024 година.

Тоа, според аналитичарите, е созреано разбирање на техничката природа на пристапувањето, а не само политичка битка.

Кога станува збор за формата на интеграција, податоците се уште поинтересни: 40% поддржуваат полноправно членство, 29% постепена интеграција со членство за 10–15 години, 19% фазна интеграција без непосредно членство. Ова покажува дека европскиот избор е доминантен, но тактиката околу него варира.

Во геополитичкото поле: ЕУ и САД и натаму се најдоверливи партнери, перцепцијата за влијанието на САД е зголемена за 6% од 2024,оптимизмот дека ЕУ ќе биде подготвена за проширување до 2030 се враќа на 50%, по падот на 33% минатата година. Ова, според истражувањето, покажува дека граѓаните силно реагираат на политичките сигнали од Брисел.

Истражувањето беше промовирано денеска во Собранието, во организација на Институтот за демократија и Фондацијата „Конрад Аденауер“, како дел од лонгитудинален проект започнат во 2014 година, кој преку идентична методологија секоја година ја мери јавната поддршка за евроинтеграцијата.

Анкетата е спроведена од 22 октомври до 5 ноември 2025 година, на национално репрезентативен примерок од 1003 испитаници, со статистичка грешка од ±3%.