Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Националниот џез-оркестар со настап на гудачки ансамбл ја отвора новата концертна сезона

Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл, составен од музичари на Националната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет, в петок, во 20 часот, во Филхармонијата ќе ја отвори новата концертна сезона 2026. 

Од Националчниот џез-оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој, што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика.

Под диригентство на маестро Џијан Емин на концертот ќе бидат изведени негови авторски композиции, како и композиции во авторство на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески, со солистичко учество на Кирил Кузманов на саксофон и флејта, како и Бојан Цветковиќ на пијано.

Реклама

Како гостин на вечерта ќе настапи Георги Шарески, гитарист и композитор, чиј израз и музички сензибилитет природно се впишуваат во звучниот карактер на оваа концертна целина.

Билетите за концертот може да се набават онлајн на https://mktickets.mk/…/national-jazz-orchestra-with…/ и на продажните места на „МК тикетс“.