Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Кавадарци има околу 37 илјади жители и 7 илјади читатели во градската библиотека, амбасадорката Џанел отвори холандско катче 

Кавадарци има околу 37 илјади жители и 7 илјади активни читатели во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кавадарци има околу 37 илјади жители и 7 илјади активни читатели во градската библиотека „Феткин“, каде денеска во присуство на амбасадорката Озлем Џанел, беше отворено холандското катче. Библиотеката постои 80 години, а збирката со книги од холандски автори преведени на македонски јазик, во ова катче, е донација од амбасадата. Ова е второ холандско катче во државата, надвор од Скопје.

Најпрвин, амбасадорката беше на средба со градоначалникот Митко Јанчев. Тој во изјава за медиумите, изрази задоволство од посетата и рече дека имале продуктивен разговор. Притоа потсети дека Холандија отсекогаш била поддржувач на нашата земја.

– Разговаравме за неколку проекти, што во иднина би можеле да ги промовираме, да ги доближиме до нашата општина. Во делот на превентива, заштита, социјала, подигање на културата, нагласи Јанчев.

Реклама

Амбасадорката, исто така, изрази задоволство од посетата. – Холандија како партнер на Македонија останува посветена со желба да помогне, секаде каде што е тоа возможно – истакна таа.

Притоа подвлече дека библиотеките се многу важно место, културата е многу важен сегмент.

Директорот на библиотеката, Петар Гурев рече дека ова катче значи поврзување на двата народа.