Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Стоилковиќ: Вредностите на свети Сава се темел на соживотот и заемното почитување

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, по повод одбележувањето на Свети Сава, националниот празник на Србите во Македонија, упати честитка до припадниците на српската заедница во земјата.

Во честитката Стоилковиќ истакнува дека ликот и делото на свети Сава се длабоко вградени во темелите на духовноста, образованието и човекољубието и претставуваат универзални вредности, кои со векови ги поврзуваат народите на Балканот придонесувајќи за меѓусебно почитување, разбирање и соживот.

Тој нагласи дека токму врз тие вредности државата останува цврсто посветена на унапредувањето и заштитата на правата, идентитетот и културното изразување на сите заедници, како и на јакнењето на меѓусебната доверба, дијалогот и заедничките европски вредности.

Реклама

Стоилковиќ им посака на припадниците на српската заедница празникот да го одбележат во мир, здравје и достоинство водејќи се од вредностите што ги промовира свети Сава.