Реклама

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

Прилози

Пост-грипни компликации ја полнат Клиниката за пулмологија

Грипот поминува – но последиците остануваат. Клиниката за пулмологија е преполна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грипот поминува – но последиците остануваат. Клиниката за пулмологија е преполна со пациенти.Најмногу медицинска помош бараат болните со хронични белодробни заболувања, кај кои поради сериозни компликации е неопходна хоспитализација и постојан лекарски надзор.

Пулмолозите предупредуваат дека пост-грипните компликации се тивки, но сериозни.Годинава клиничката слика на сезонскиот вирус е значително потешка од вообичаеното.Според анализите, грипот од тип Б предизвикува потешки симптоми и сериозни компликации, особено кај пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОБ).

Во последните 20 дена, секојдневно низ нашата Пулмолошка амбуланта поминуваат од 100 до 150 пациенти. Сите тие се со последици по прележан грип. Затоа апелирам: кај пациенти кај кои клиничката слика трае од 5 до 7 дена, да не се започнува терапија со антибиотик, бидејќи заболувањето од сезонски грип вообичаено поминува полесно.Меѓутоа, доколку по седмиот ден се појави кашлица со густ секрет и покачена телесна температура, потребно е пациентите да се јават во нашата клиника, за да се направат понатамошни испитувања“ – вели д-р Оливер Зафировски.

Реклама

Пулмолозите се децидни – вакцинацијата против грип е најефикасната заштита и клучна превентивна мерка, особено за ризичните групи.Според нив вакцината значително го намалува ризикот од тешки симптоми, компликации и хоспитализација.

На пациентите им се препорачува да се вакцинираат против сезонски грип, без разлика дали клиничката слика би била полесна или потешка. Вакцинацијата е важна и потребна за сите. Во моментов, на одделението се хоспитализирани 45 пациенти и сите болнички кревети се исполнети. На одделот за интензивна нега се сместени седум пациенти“ изјави д-р Зафировски.

Бројката на заболени од грип оваа сезона достигна преку 8.200 случаи. Изминатите недели беа регистрирани и три смртни случаи кај пациенти поради компликации од вирусот.  Две 75 годишни жена и 69 годишен маж починаа на Инфективна – имале повеќе хронични заболувања и не биле вакцинирани против грип. Инфектолозите очекуваат пикот да биде во следните две недели.