Од 1 февруари, Македонија официјално влегува во нова фаза на сообраќајна безбедност. Со целосната примена на системот „Безбеден град“, се очекува во државата да имаме помалку несреќи, помалку жртви и повисока сообраќајна култура. Законот за прекршоци веќе е изгласан во Сообрание, а тест-периодот покажа охрабрувачки резултати.
„Надлежните го подготвуваат теренот за старт на „Сејф Сити“, како што може да забележите зад мене веќе се монтираат камерите а граѓаните велат дека конечно ќе се стави ред во сообраќајниот хаос“.
Побрзо возење од дозволеното, поминување на црвено, возење без појас или користење мобилен телефон зад волан. „Сејф сити“ е систем што треба да ги регистрира сите можни прекршоци во сообраќајот, а истовремено да овозможи санкциите да бидат брзи, прецизни и неизбежни. Граѓаните сметаат дека со казните ќе се зголеми дисциплината на возачите и дека ќе се намалат ризиците во сообраќајот, но предупредуваат дека е потребна и подобра сообраќајна инфраструктура.

Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот оценуваат дека токму вакви системи во европските земји ги дале најдобрите резултати. Според Советот, долгорочната цел не е само санкционирање, туку промена на навиките, поголема одговорност кај возачите и подигање на сообраќајната култура.
Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот оценуваат дека токму вакви системи во европските земји ги дале најдобрите резултати. Според Советот, долгорочната цел не е само санкционирање, туку промена на навиките, поголема одговорност кај возачите и подигање на сообраќајната култура.
„Изминатиот тест период покажа дека „Скопје Сејф сити“ може да го смири сообраќајот. Статистиката покажува дека има намалување на сообраќајни прекршоци, дека луѓето се подисциплинирани. Изминатиот период излезе информација дека во Хелсинки, во главниот град на Финска, цела година немало сообраќајни незгоди. Но, никој не потенцираше дека во Хелсинки и другите градови во Европа пропишаната брзина е 30 километри на час. Тоа покажува дека брзината е една од главните причини за сообраќајните прекршоци и незгоди. И да повторам, треба да се отстранат причините, а не да се лекуваат последиците од сообраќајот“, изјави Дејан Андоновиќ.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека целта не е да се казнува, туку да се превенира. За министерот за внатрешни работи, Тошковски, државата конечно презема системски чекори против сообраќајниот хаос и бесмислените загуби на човечки животи, додавајќи дека „Сејф сити“ не е систем за казнување, туку за спасување животи.
За премиерот Мицкоски „Безбеден град“ веќе спасува животи и дека бројот на прекршоци се намалени од 100.000 на дневно ниво на само 3000 и најави дека ќе бидат потребни дополнителни усогласувања и протоколи, особено во првите три до шест месеци од имплементацијата. Казните се во рамки на законските предвидени износи, од околу 20 евра за помали прекршоци, до неколку стотици евра и можни забрани за управување со возило за посериозни прекршоци, а возачите ќе ги добиваат известувањата директно на мобилен телефон преку СМС и e‑mail. Ако казната се плати навреме, плаќаат половина од износот, а во спротивно следи присилна наплата или судска постапка.
