Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Цементарница „Усје“ тврди дека не загадува, граѓанската иницијатива бара мерна станица и построги контроли

Стопанската комора на Македонија побара разрешување на недоразбирањата помеѓу цементарницата Усје и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанската комора на Македонија побара разрешување на недоразбирањата помеѓу цементарницата Усје и граѓаните, поради револтот од енормното загаување на главниот град. Граѓаните тврдат дека најголем загадувач е токму фабриката сместена во близина на Скопје.

„Мора да се разговара. Мора да се најде начин, проблемите да се надминат на начин на кој што е единствено можен, да се седне на заедничка маса и да се решат. Ако треба и да се изгубат и денови и месеци, но тоа прашање да биде симнато од дневен ред“, изјави Бранко Азевски, претседател на СКМ..

Од друга страна менаџментот тврди дека цементара има интегрирана А лиценца и врши секојдневни мерења на загадувањето. Техничкиот директор Гоце Цветковски, уверува дека сите студии покажуваат дека Цементарата не загадува. Во одбрана на тезата, вели дека тие веќе една недела не прозиведуваат цемент поради индустријата која нема потреба од нивниот производ во зима.

Реклама

„Компанијата работи со сите правила во согласност со националното законодавство со европските директиви како и секоја друга компанија од оваа индустрија во Европа. Усје работи на ист начин и дење и ноќе и во лето и во зима. Затоа прашањето зошто загадувањето е само во зима укажува на некој друг проблем“, изјави Гоце Цветковски, технички директор на Цементарница Титан УСЈЕ Скопје.

Граѓаните, пред два дена на протестот од иницијативата „Стоп за Усје“, побараа мерната станица на Усје да го мери квалитетот на воздухот, а резултатите од мерењата да бидат достапни и да ги видат сите граѓани. Тие побараа и построги казни за фабриката и да се тргне употребата на отровните горива кои треба да се заменат со природен гас и водород.