Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да знае дека проблемот не се медиумите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку неговиот и криминалот на Заев, кои го доведоа СДСМ на толку ниски гранки

Очигледно, портпаролката Боданка Кузеска, кога е на зимување, ја заменува Венко Филипче.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очигледно, портпаролката Боданка Кузеска, кога е на зимување, ја заменува Венко Филипче. Од пресот на Филипче може да се заклучи дека СДСМ е партија на многу интриги и проблеми, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На Филипче виновен му е народот, но и секој што мисли дека е криминалец, само не се тој и Заев, кои правеле криминал, поради што секој мисли дека се криминалци.

Венко Филипче треба да знае дека проблемот не е во медиумите, новинарите, бизнис-заедницата, синдикатите, кои ги злоупотребува, ниту во ВМРО-ДПМНЕ, туку проблемот на СДСМ се криминалот, корупцијата и нечесните политики на Венко Филипче и на менторот Заев, кои го доведоа СДСМ на толку ниски гранки.

Реклама

Жална е епизодата кога лидер на некогаш големиот СДСМ, ќе го гледате како се жали како тетка на чешма за тешката судбина во која тој и менторот од Дубаи, Зоран Заев, сами се доведоа. Кога одговорите на дилемите ќе ги побара во своите редови, тогаш ќе ја сфати и сериозноста на проблемите.

Досега го јадеа шлагот на тендерите, бизнисите на Вицето, зделките и куферчињата на Заев, зделките и профитите од модуларната болница, хациендите што си ги градеа, проблемот е што стигнаа сега до фекалиите, кои се излеаа врз СДСМ, и народот сето тоа го гледа.

Од тој аспект Венко Филипче е штетен за државата и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш се водела од државните и од националните интереси.

Наместо факти, Филипче глуми жртва и плаче за медиумските октоподи. Тие октоподи седум години му служеа на СДСМ како портпароли додека се пљачкаше државата. Денес, кога никој не му ги прикрива лагите, одеднаш сите му се виновни: медиуми, новинари, институции, па дури и реалноста.

Филипче колку повеќе зборува, толку појасно е дека нема ниту факти ниту политика. Има само паника и обид со врева да се покрие празнината.