Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Андоновски: Граѓаните сакаат да ги користат електронските услуги, од денеска со неколку „клика“ до извод од матичните книги на родените, венчаните

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска изјави дека во моментот има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска изјави дека во моментот има над 300 илјади корисници на Системот за единствена најава (СЕН), како и над 240 илјади корисници на Националниот портал за е-услуги, што, како што рече, е показател дека граѓаните сакаат да ги користат електронските услуги ако тие им ја завршат работата.

– Што се однесува до бројките, во 2024 година ние имавме 120 илјади корисници на Порталот, со помалку од половина услуга од корисник. Во моментот имаме над 240 илјади корисници на Порталот и над 300 илјади корисници на Системот за единствена најава, а бројот на услуги е зголемен за 100-120 проценти. Тоа покажува дека граѓаните сакаат да ги користат електронските услуги ако тие им ја завршат работата. Никој од нас не сака да чека редови и тоа да го прави хартиено доколку може да си извади електронски документ – истакна Андоновски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за тоа каква е досега искористеноста на електронските услуги од граѓаните и дали сето ова значи целосно исфрлање на хартијата.

На прес-конференцијата, на која беа претставени четири нови услуги на Фондот за здравствено осигурување, кои од сега се достапни и на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk, Андоновски посочи дека во целиот овој процес се зазема еден стратешки пристап, односно никогаш нема да се дозволи услуги што постоеле на хартија да бидат заменети со целосно електронски услуги доколку тоа не е во корист на граѓаните.

Реклама

– Ако некој граѓанин смета дека сака да си ја заврши услугата хартиено, таа била нудена на тој начин, тоа ќе продолжи да го прави и во пракса. Што се однесува до новите услуги што ги нудиме, како што беа ваучерите за студентите, намерно стратешки решивме тие да бидат исклучиво преку Порталот за услуги за да ги научиме дека може и треба да го користат, да го промовираме кај помладите – рече Андоновски.

Во однос на услугите од Управата за водење на матичните книги, од денеска, како што рече министерот, тие се целоно мигрирани на Националниот портал, што ќе го забрза нивното користење и се целосно дигитални за разлика од претходно.

– Потврдите, односно извод од матичните книги на родените, на венчаните, на умрените и новата услуга – слободна брачна состојба, од денеска се целосно достапни на Порталот и со неколку „клика“ граѓаните може да ги добијат и тие услуги, што ќе значи поголема ефикасност на Управата за водење на матичните книги и поголема контрола од страна на нас како ресорно Министерство на темпото на издавање на овие услуги – нагласи Андоновски.

Андоновски и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција информираа дека за физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа, а за правните лица овозможена е електронската услуга за издавање потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување.