Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Утврдени тројца кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница го утврди предлогот за кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Тоа се дипломираниот правник Миле Стојановски и Наташа Амдију, магистер на правни науки, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, како и Џихан Ахмед, дипломиран правник и магистер по меѓународно право и меѓународни односи предложена од ВРЕДИ.

На огласот за нови членови на КСЗД беа пријавени 19 кандидати, од кои 14 ги исполнија условите. Комисијата за прашања на изборите и именувањата вчера спроведе јавна расправа за утврдување на предлози за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Кандидатите својата кандидатура ја образложија преку претставување и одговор на прашања поставени од пратеници и од претставници на невладините организации.

Меѓу пријавените за нови членови на КСЗД беа и Лимко Бејзароски кој е актуелниот член на КСЗД, Кире Василев, Усеин Елезоски, Мери Ивановска, Жаклина Дамческа, Шемси Салаи, Горан Нешевски, Несиме Јашари Љума, Ирфан Лимани, Даниела Стојановска Џинговска и Елита Шуки.

Реклама

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска побара мала пауза за да го разгледа подобро предлогот за кандидатката Џихан Ахмед, а во продолжението на седницата таа оцени дека имало многу поподготвени кандидати од неа. 

– Треба како едни сериозни народни избраници овде предлозите да ги темелиме на она што значи подготвеност, дигнитет и идно претставување и борба против дискриминацијата во рамки на оваа Комисија која што е многу сензитивна и е клучна доколку утре имаме, а имаме огромен број на случаи на дискриминација во сите различни ресори, тоа заклучивме вчера, рече Лукаревска.

Пратеникот од ВРЕДИ Беким Ќоку и реплицираше на Лукаревска, дека кандидатката Ахмед вчера, како што рече, имала инцидент со еден од кандидатите и на седница дошла нервозна, па затоа, кажа, имала тешкотии во одговарањето на неколку прашања. 

-Да сме фер и да направиме забелешки за сите кандидати, а не само за еден одреден кандидат, ако не ви одговорил одредено прашање, рече Ќоку.

Комисијата е составена од седум члена, кои ги избира и ги разрешува Собранието. Членовите на Комисијата се избираат со мандат од пет години, со право на уште еден последователен избор. При изборот на првиот состав на Комисијата, во согласност со овој закон, четири члена се избираат со мандат од пет години, а тројца со мандат од три години, со право на уште еден последователен повторен избор. Од редот на членовите избрани со мандат од пет години Комисијата избира претседател со мандат од една година, без право на повторен избор. При изборот треба да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово балансирано учество. 

За член на Комисијата може да биде избрано лице кое е државјанин на Македонија, да има VII/1 степен на образование и минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет во областа на еднаквост и недискриминација, како и да не е носител на функција во политичка партија.