Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Информација за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот

Информација за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Информација за состојбата со врнежите од снег и состојба на патиштата до 13:30 часот.

Скопски регион

До 13:00 часот сите патни правци на територијата на Град Скопје се исчистени и сообраќајот се одвива по влажни коловози. Надлежните служби и понатаму ја следат состојбата и се подготвени за дополнителни интервенции.

Реклама

Битолски регион

Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. Приоритетните улици и патишта во Битола се исчистени и опесочени, а екипите на ЈП „Македонија пат“ и ЈП „Нискоградба“ со целосна механизација работат на расчистување на останатите делници.
Во општините Новаци и Могила нема непроодни патни правци.
Регионалните патишта Крушево – Прилеп и Крушево – Демир Хисар се проодни, додека патниот правец Крушево – Пуста Река е втор приоритет и ќе се чисти по престанокот на врнежите, но е прооден за возила со зимска опрема.
Локалниот пат кон село Мренога е затворен поради оштетување на мостот.

Велешки регион

Во општините Велес, Чашка и Градско сите патни правци се проодни и се одржуваат во зимски услови.
Во Кавадарци и Росоман се врши континуирано расчистување и посолување на патните правци, а сите патишта се проодни.
Во општините Свети Николе и Лозово нема забележани проблеми.

Кумановски регион

Сите патни правци се проодни во зимски услови. Централното градско подрачје и улиците во населбите се исчистени.
Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висина на снегот.
Во Општина Кратово сообраќајот се одвива непречено, а снабдувањето со електрична енергија и вода е стабилно.

Полошки регион

Во Тетово, Гостивар и Врапчиште сите патни правци се проодни.
Во Општина Маврово и Ростуше има снежна покривка од околу 10 сантиметри.
Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Гостивар – Стража.

Источен и југоисточен регион

Во регионот на Штип има слаби снежни врнежи, а сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози.
Во Струмичкиот регион сите патни правци се проодни, а електроснабдувањето и водоснабдувањето се редовни.

Југозападен регион – Кичевски регион

На подрачјето на Кичево и околните населени места врне снег, а на планинските села врнежите се поинтензивни.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ – секција Кичево, со целата расположлива механизација, вршат континуирано расчистување и опесочување на регионалните патишта, при што поради обилните врнежи на поединечни делници има остатоци од снег на коловозот.
Во градот Кичево главните улици се исчистени, додека чистењето на споредните улици се одвива отежнато поради паркирани возила. Се продолжува со расчистување на градските населби и патните правци кон селата согласно утврдените приоритети.
Во Осломејшкиот регион се исчистени патиштата од село Жубрино до Туин, а во тек е расчистување кон селата Поповјани и Јагол, по што ќе следи интервенција и кон останатите населени места.
Во Зајашкиот регион се врши расчистување на патните правци кон селата Зајас и Строгомиште со шест машини, а потоа ќе се продолжи кон селата Крушино и Кнежино.
Во јужниот дел на Кичевскиот регион (поранешни општини Вранештица и Другово) исчистени се патиштата кон поголемиот број села, а во тек е планирано расчистување кон преостанатите населени места со помала механизација.
Сè уште е на сила забраната за движење на товарни моторни возила на планинските превои Стража и Пресека.