Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Исчитени од снег над 80 проценти од улиците и патиштата во кумановско

Покрај градот и централните улици во Куманово се чистат и патиштата кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај градот и централните улици во Куманово се чистат и патиштата кон селата, соопштија на денешната прес-конференција надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“. Исчистени се патиштата кон селата Тромеѓа, Пчиња, Режановце, населени места и приградски населби во околината на градот.

Според првичните информации од претпријатието, до претпладневните часови над 80 отсто од градските улици биле проодни и безбедни за сообраќај. Екипите континуирано вршат посипување на сол и ризла, а на терен се ангажирани специјализирани машини за механичко расчистување.

-Работиме интензивно и континуирано. Машините се постојано на терен, а посипувањето со сол се врши на сите ризични делници. Располагаме со доволни количини, а по потреба можеме дополнително да обезбедиме сол од нашите добавувачи, изјави директорот на претпријатието, Сашо Томиќ.

Реклама

За оваа намена, од општинскиот буџет издвоени се осум милиони денари. „Чистота и Зеленило“ располага со три специјални машини, камиони со плуг, две метлачки за чистење на плоштадите и трактор со приколка и преден плуг. Во моментов имаме обезбедено 25 тони сол.

Од јавното претпријатие уверуваат дека остануваат во целосна подготвеност и ќе продолжат со теренските активности сè додека тоа го налагаат временските услови. Граѓаните се повикуваат на внимателност при движењето и соработка со надлежните служби.