Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Горан Ѓорѓиев назначен за регионален директор на Европскиот центар за поддршка при Светската извидничка организација

Сојузот на извидниците на Македонија информира дека Горан Ѓорѓиев е назначен за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на извидниците на Македонија информира дека Горан Ѓорѓиев е назначен за регионален директор на Европскиот центар за поддршка при Светската извидничка организација. Одлуката е донесена од генералниот секретар на организацијата по конкурентен меѓународен процес на селекција со кандидати од цела Европа и пошироко.

Ѓорѓиев има повеќе од 15 години искуство во стратешко лидерство, организациски развој и младинска работа во извидништвото на национално, регионално и глобално ниво. Од 2019 година работи во Светското извидничко биро, каде што извршувал високи раководни функции, последно како директор за стратешка координација и организациски развој за Европа, поддржувајќи 47 национални извиднички организации.

Неговиот извиднички пат почнува во Извидничкиот одред „Гоце Делчев“ од Свети Николе, а пред ангажманот на светско ниво, од 2010 до 2018 година, беше генерален секретар на Сојузот на извидниците на Македонија. Во овој период активно учествуваше во организирање национални и меѓународни кампови, натпревари и обуки, како и во менторство на стотици млади извидници и волонтери.

Реклама

Ѓорѓиев исто така придонесе во развојот на младински политики и граѓанско учество, вклучително и во воспоставувањето на Националниот младински совет на Македонија, и работењето на програми за младинско лидерство, градење капацитети и меѓународна соработка.

Претседателка на Европскиот извиднички комитет, Дијана Слабу, истакнува дека Горан носи богато искуство во стратешко лидерство и организациски развој, со длабоко разбирање на извидништвото на сите нивоа. – Со нетрпение ја очекуваме соработка со него за развојот на извидништвото во Европа – додава таа.

Горан Ѓорѓиев ја презеде новата функција денес (21 јануари 2026 година) и ќе соработува тесно со Европскиот извиднички комитет и светското раководство за зајакнување на поддршката за националните извиднички организации и зголемување на влијанието на извидништвото во Европа.