Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Двајца починати и четворица тешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи

Двајца возачи починале, а еден возач и тројца сопатници од кои едно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца возачи починале, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие.

Како што информира МВР, во ОВР Крива Паланка утринава во 04:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. 

Реклама

Во СВР Битола, пак, вчера во 14:41 часот е пријавено дека на локален пат за село Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С.. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Во Полициската станица Гевгелија вчера во 18:30 часот е пријавено дека на сервисна улица покрај автопатот „Пријателство“, кон Граничен премин Богородица,  патничко возило „даихатсу“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од село Петрово, гевгелиско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.