Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мицкоски: Проект „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во Кичево за поквалитетни услови за настава

Проектот „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектот „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во општина Кичево има цел унапредување на енергетската ефикасност и создавање поквалитетни услови за настава во образовните институции – пишува премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Со проектот се предвидува модернизација на системите за греење, со што ќе се постигне значително намалување на потрошувачката на енергија и на трошоците за одржување.

– Инвестицијата во износ од 19.456.070 денари придонесува кон подобрување на еколошките стандарди, намалување на емисиите на штетни гасови и создавање поздрава и поодржлива средина за учениците и наставниот кадар – пишува Мицкоски.

Реклама

Тој додава дека проектот претставува важен чекор кон одржлив развој и унапредување на образовната инфраструктура во општина Кичево.