Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Три збирки поезија од две поетеси промовирани во Кавадарци

Три збирки поезија од две  поетеси, снаа и золва, беа промовирани синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три збирки поезија од две  поетеси, снаа и золва, беа промовирани синоќа во градската библиотека „Феткин“ во Кавадарци. Пред присутните беа читани и стихови од збирките на поезија од Данче Христова Младенова и Валентина Младенова Куковска. 

Директорот на библиотеката, Петар Гурев изрази задоволство од настанот и тројната промоција на книги со стихови. На авторките им посака многу успех. 

– Станува збор за две роднокрајни авторки на поезија. „Ќе дојде ден“ од Христова Младенова е во издание на библиотеката. Младенова Куковска живее и работи во Белград, а се промовираат нејзините дела „Твојот лик од спротива“ и „Нарцис о иднина“, рече Гурев во изјава за медиумите. 

Реклама

Младенова Христова, осврнувајќи се на своето дело, рече, дека, секогаш мислиме, дали ќе биде и што ќе биде. 

– Ама сè ќе биде и сè ќе дојде, кога ќе дојде ден. А секој ден е светол ден, истакна таа. 

На новинарско прашање, зошто поезија, Младенова Куковска нагласи, дека, животот е поезија. Таа појасни дека тематиката на двете книги е сосема различна. „Твојот лик отспротива“ е љубовна поезија. Двете нејзини книги се двојазични.