Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Општина Кисела Вода: Активиран кризен штаб, континуирано се чисти снегот

По снежните врнежи што го зафатија цело Скопје, Општина Кисела Вода од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По снежните врнежи што го зафатија цело Скопје, Општина Кисела Вода од раните утрински часови спроведува интензивни активности за чистење и одржување на патната инфраструктура со цел обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Активиран е кризниот штаб на Општината, кој е во постојана комуникација со сите надлежни служби и ја координира работата на терен овозможувајќи ефикасно справување со зимските услови, соопштија денеска од локалната самоуправа.

– Со целосно ангажирана и расположлива механизација, камиони и екипи континуирано се работи на расчистување на снегот и посипување сол на критичните точки, каде што е евидентирана појава на мраз. Во моментот активностите се одвиваат во населбите Припор, Пинтија и Драчево, како и пред градинките, училиштата и автобуските постојки. Ангажирани се сите сезонски работници, а екипите се постојано присутни на терен за навремено да одговорат на сите пријави и состојби што би можеле да ги отежнат сообраќајот и секојдневното функционирање – потенцираа од локалната самоуправа.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за зголемена внимателност при движењето и почитување на сообраќајните правила додека општинските служби продолжуваат со активностите сè до целосна стабилизација на состојбата.

Реклама

– За пријавување проблеми поврзани со снег, замрзнати улици или отежнат пристап, граѓаните може да се обратат на следните телефонски броеви: Димитар – +389 72 443 500, Дарко – +389 78 383 746 – информираа од Општина Кисела Вода.