Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Градот

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, информираат од Град Скопје. 

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потенцира дека од раните утрински часови екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Градот. 

– Снегот не е изненадување во зима  – подготвеноста е наша обврска! Од раните утрински часови екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Градот. Со цел навремена и ефикасна реакција кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки – напиша Ѓеорѓиевски на социјалните мрежи.

Реклама

Безбедноста на граѓаните, посочува градоначалникот, е наш приоритет и затоа апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги приспособат брзината и начинот на возење на зимските услови.

– Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима – наведува Ѓеорѓиевски.