Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели

Нема пора во општеството во која СДСM, под менторство на Зоран Заев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема пора во општеството во која СДСM, под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче, со мафијашки методи не владеел, се наведува во соопштението.

Кризните ситуации и состојби во државата ги претворале во можност и шанса за нивно богатење наместо да работат за да им помогнат и олеснат на граѓаните.

Така и во ек на вонредна состојба за време на ковид-пандемијата, Филипче и Заев, наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, политичката моќ ја користеле за да ја преземат приватната болница „Жан Митрев“.

Реклама

Ова го потврди самиот д-р Жан Митрев, кој во своето јавно сведоштво ја разоткри вистината за начинот на кој со притисоци, уцени и злоупотребата институциите Заев и Филипче ја водеа државата за свои лични интереси.

Тандемот Филипче – Заев сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, а за возврат му нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев, што е класична уцена и злоупотреба на власта.

Овие обвинувања за кланот Заеви и чуварот на фотелјата на СДСM се надоврзуваат на долгата низа сомнежи за злоупотреби на системот за бенефиции и придобивки, како и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции и што ли уште не.

Ова не е политика наменета за граѓаните и државата, туку е мафијашки модел на дејствување за лични клановски придобивки.

И денес Филипче се обидува да се претстави како ново лице на политичката сцена, но всушност е човек обременет со своето минато, кој само седи на партиското столче на Заев и ги спроведува истите политики, со истите луѓе, истите шеми и истата злоупотреба.

Оттука, се поставува едноставно прашање, на кое и Филипче и СДСM треба да дадат јасен одговор. Дали човек со ваков сериозен багаж на скандали, сомнежи и тврдења за злоупотреба на власта може да има кредибилитет да води партија?

Но, наместо одговорност и повлекување, сведоци сме на уште поголема ароганција и молк од Филипче, затоа сега правдата е таа што треба да зборува.

Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи за мафијашките притисоци, уцени и користењето на државата и на институциите од страна на Филипче и Заев за приватни, односно за остварување на клановските цели.

Не треба да има недопирливи, законот треба да важи еднакво за сите.