Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Општина Делчево ги повикува граѓаните да поднесат даночна пријава за недвижен имот

Општина Делчево ги информира граѓаните и правните лица дека согласно Законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево ги информира граѓаните и правните лица дека согласно Законот за данок на имот, даночните обврзници имаат обврска да поднесат даночна пријава за недвижен имот кој досега не бил пријавен за оданочување, најдоцна до 31 јануари.

Според законските одредби, обврзниците се должни во рок од 15 дена од стекнувањето на право на сопственост или право на користење на недвижен имот, истиот да го пријават за оданочување во општинската администрација. За веќе пријавен имот, нема потреба од повторно поднесување даночна пријава доколку нема промени на податоците што влијаат врз висината на даночната обврска.

Со цел поедноставување на постапката, Општина Делчево ги повикува граѓаните и правните лица да ја извршат пријавата во Општинскиот центар за услуги.

Реклама

За физички лица потребно е да достават фотокопија од имотен лист издаден по завршена постапка за легализација или купопродажба на недвижниот имот, како и лична карта на увид. Правните лица, пак, треба да приложат фотокопија од имотен лист и тековна состојба од Централниот регистар.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 033/411-550. Работното време на Општина Делчево е секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, со пауза од 10:30 до 11:00 часот.