Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов

Судскиот совет на Македонија денеска ја почна 535. итна седница на која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на Македонија денеска ја почна 535. итна седница на која треба да одлучи за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за определување мерка куќен притвор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов.

Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ го усвоија дневниот ред на седницата, а со исто толку гласови донесоа одлука јавноста да биде исклучена од нејзиниот тек, а ќе може да присуствува на гласањето.

Претходно денеска, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ристов да му биде определена мерка куќен притвор.

Реклама

Освен оваа мерка, како што дополнија, предложено е и определување мерка на претпазливост – привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Осомничениот апелациски судија се товари за кривичните дела противправно стекнување и прикривање имот (чл. 359-а ст. 3 во врска со ст. 1) и перење пари и други приноси од казниво дело (чл. 273 ст. 1) бидејќи во домот на неговите родителите во Неготино полицијата пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.