Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Прилози

Македонија на светската економска мапа: Мицкоски со амбициозна агенда во Давос

Глобалната економија, економскиот раст, финансиската стабилност, инвестициите и вештачката интелигенција се главните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Глобалната економија, економскиот раст, финансиската стабилност, инвестициите и вештачката интелигенција се главните теми кои ќе бидат во фокусот на разговорите на бројните светски бизнис и политички лидери на Економскиот форум во Давос.

Меѓу учесниците, рамо до рамо со светската елита, е и претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски, чија агенда во Давос е многу амбициозна. Премиерот ќе има бројни разговори, билатерални средби и дебати, на кои ќе ја презентира економската и инвестициската понуда на земјата. Тој нагласува дека акцентот е ставен на економскиот раст, привлекувањето инвестиции, технологијата и можностите за инвестирање во Македонија.

„Следните денови ќе имаме бројни состаноци, за кои очекуваме значително да влијаат на подобрувањето на економската состојба и привлекувањето голем број инвестиции. Учесник ќе бидам на три панели, на кои ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија. Истовремено, ќе оствариме и бројни билатерални средби со многу компании од светот. Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос“, изјави Мицкоски.

Реклама

На Самитот е најавено учество на околу 400 високи функционери и политички лидери, меѓу кои 65 шефови на држави и влади, 55 министри за економија и финансии, 33 министри за надворешни работи, 34 министри за трговија и индустрија и 11 гувернери на централни банки. Со добар дел од нив, Мицкоски и делегацијата која тој ја предводи ќе оствари директни средби, на кои ќе се разговара за реформските процеси и обезбедувањето поддршка за клучните национални проекти.

Колкаво е значењето на Давос годинава зборува и присуството на низа значајни политички лидери. Клучните пораки се очекува да ги упати американскиот претседател Доналд Трамп, кој утре ќе има говор пред присутните. Таму ќе бидат и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, шпанскиот премиер Педро Санчез и аргентинскиот претседател Хавиер Милеј. Кинеската делегација ја предводи заменик-премиерот Хе Лифенг.

Главното мото, односно тема на собирот во елитното швајцарско одморалиште годинава, е „Во духот на дијалогот“.