Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Давид Цветановски најсреќен на Водици во Демир Хисар, Лина Најдовска во Стругово

– Големиот христијански празник Богојавление-Водици се одбележа во седумнаесет демирхисарски села, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Големиот христијански празник Богојавление-Водици се одбележа во седумнаесет демирхисарски села, а централната манифестација се одржа во населбата Мургашево каде во водите на Стара Река беше положен светиот крст.

Годинава најсреќен и највешт учесник беше Давид Цветановски, кому градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски му врачи пригоден празничен подарок.

Во едно од седумнаесетте населени места, светиот крст го фати Лина Најдовска која учествуваше на богојавленската манифестација што се одржа во селото Стругово.

Реклама

Од Општина Демир Хисар информираа дека во селото Сопотница  светиот крст го пронајде Никола Димитријовски, во
Жван Иван Андоновски, во Прибилци Стефан Видановски, во Журче Марко Босилковски, а во селото Единаковци од осветените води крстот го извади Христијан Велевски. Традиционалната манифестација се одржа и во селото Света каде најсреќен беше Христијан Николовски, во Доленци Драган Трајановски, во Железнец крстот го пронајде Марјан Стефановски -Чаки, во Слоештица Стефан Талевски, во Белче Никола Пејовски, потоа во Граиште Марко Радевски, во Вардино Андреј Лозановски, во Суводол-Кутретино Николај Најдовски, во Загориче Михаил Трајчевски, а во селото Смилево на Водици најсреќен учесник беше Стефан Граматкоски.