Реклама
Македонија

Се одржа 25. „Кумановска пивтијада“

Традиционалната манифестација „Кумановска пивтијада 2026“, која се одржува по повод големиот христијански…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Традиционалната манифестација „Кумановска пивтијада 2026“, која се одржува по повод големиот христијански празник Водици, денеска одбележа 25 години постоење.

Настанот се одржа во организација на Здружението на дијабетичари „Куманово“ и Здружението на граѓани „Еко-гард“, под покровителство на Општина Куманово. Манифестацијата, која со години прераснува во еден од најпрепознатливите гастрономски и културни настани во регионот и годинава привлече голем број посетители од Куманово. 

На настанот по повод верскиот празник Богојавление – Водици Митрополитот кумановско–осговски г. Григориј го освети кумскиот колач. 

Реклама

Стариот кум на годинашната пивтијада директорот на Царинската управа Бобан Николовски ја истакна важноста на ваквите настани за зачувување на традицијата и заедништвото.

-Ова е прекрасна манифестација која обединува луѓе од цела Македонија. Благодарност до организаторите. Овие 25 години се доказ за истрајност и љубов кон традицијата, рече Николовски.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски упати честитки до организаторите по повод јубилејот.

-Ова е месец на дружење, ширење пријателства и позитивна енергија. Четврт век континуитет зборува за сериозноста на настанот и љубовта кон традицијата, рече Димитриевски.

Угостителот Влајко Стојчевски, еден од главните носители на настанот, нагласи дека „Кумановската пивтијада“ од скромна идеја прераснала во манифестација на највисоко ниво во Македонија.

-Веќе 25 години ја организираме Пивтијадата и навистина не верувавме дека ќе стигнеме до оваа бројка. Секоја година имавме по еден кум, досега 25, што покажува континуитет и сериозност, изјави Стојчевски.

Тој додаде дека подготовката на пивтија во толкави количини е сериозен предизвик за угостителите, но дека со години успеваат да го задржат квалитетот и традиционалниот вкус.