Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026″

Наум Додевски е среќникот кој го извлече светиот крст положен во водите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наум Додевски е среќникот кој го извлече светиот крст положен во водите на Крива Река,  од педесетината кои скокнаа по крстот, меѓу кои и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Прославата на големиот христијански празник Богојавление -Водици почна со света божествена Богојавленска литургија во соборниот храм Св.„Великомаченик Димитриј” по што беа осветени водите на Крива Река.

-Нека светите води ни донесат здравје, мир и благосостојба во секој дом, порача Митовски.

По овој чин, на централниот градски плоштад во организација на Фондацијата „Со срце за Крива Паланка” и Општина Крива Паланка, во соработка со МПЦ-ОА Кривопаланечко архиерејско намесништво, се одржа традиционалната манифестација “Водици-Пивтијада”.

Реклама

Стотици граѓани присуствуваа на богатата празнична прослава и традиционална трпеза со кривопаланечки пивтии, а за музичката програма беше задолжена македонската музичка ѕвезда, Ленче Кукиќ.

Во кривопаланечкото село Конопница, Филип Станоевски е среќникот што го извлече крстот од Селска Река.