Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Анализа: Стотици уапсени, откриени милионски криминали – Големите полициски акции во изминатата година и половина

Државата под опсада од сопствениот криминал. Апсења на функционери, директори, инспектори и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата под опсада од сопствениот криминал. Апсења на функционери, директори, инспектори и „босови“ во подземјето  – откриени миилионски злоупотреби во електраните, растурени нарко-мрежи и криминални банди, уапсени организирани групи за затајување данок и перење пари: полицијата удри на повеќе фронтови.

Во изминатава година и пол, истражните органи спроведоа низа големи акции и апсења насочени против организиран криминал, финансиски злосторства и коруптивни мрежиширум земјата.

Се чини најголемиот криминал бил направен во државните електрани. Обвинети се над 35-мина само во случајот „Адитив“ каде штетата на државниот буџет се проценува на над 6 ипол милиони евра. Или како што ќе каже обвинителката, злосторнички се здружиле да се збогатат иако државата им доверила еден од највежните системи за производство на струја.Како дел од „Адитивот“ падна и претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, за која во тек е посебен судски процес. Последно, во декември лани, истрага се отвори и за поранешниот директор од редовите на ДУИ, Бујар Дарлишта, кој како управил на ЕСМ Електродистрибуција заедно со уште 30-мина други се товарат за проневера од над 7 ипол милиони евра. Предмет има и за набавката на отровен мазут за ТЕЦ Неготино каде осомничен е Асмир Јахоски.

Реклама

Милионски штети на буџетот се направиле и во Државната лотарија. Таму главниот осмничен, Артан Груби ја напушти државата наместо да се соочи со правдата.

Од не помал размер на корупција се и предметите поврзани со Управата за јавни приходи. 10-мина паднаа само во предметот во кој првообвинет е струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој со свои блиски и помош од службени лица од УЈП и други институции, со години извлекувал пари од државниот буџет преку фиктивни трансакции и лажни пријави.

За злоупотреби во УЈП беа и предметите „Синџир“ 1 и 2, кои исто така се однесуваа за добро разработени шеми за даночни измами. Во последната акција паднаа уште 20-мина кои биле добро организирани за незаконски поврат на ДДВ, прикривање на даночни обврски и селективно „затворање очи“ пред милионските долгови кон државата. Осомничени се дузина вработени во УЈП, а има и такви од раководни структури.

Даночен референт беше инволвиран и во случајот со директорот на Агенцијата за земјоделска поддршка кој беше фатен со парите кои ги барал за поткуп за да додели проект од ИПАРД 3 фондовите, заедно со уште четворица други.

Флагрант беше фатен и екссудијата Наќе Ѓеорѓиев кој заедно со членот на Советот на јавните обвинители Иџет Мемети барале мито за да посредуваат во предмет за поранешниот градоначалник на Ново село, Боро Стојчев познат во јавноста како Боро Малборо. Тој се товараше за шверц на цигари и марихуана.

  • „Сметам дека сите оние акции кои ги спроведовме, како од аспект на борба против организиран криминал и особено висока корупција и злоупотреба на државни институции во минатото, па до акциите во делот на уличниот криминал, трговијата со дрога, трговијата со луѓе и бандите кои што ги разбивме – му даваат надеж на македонскиот народ дека можело и поинаку“ изјави Тошковкси- Министер за внатрешни работи на 15.06.2025.

Расчистувањето со подземјето беше главниот фокус во акциите изминатива година. Растурани беше таа од западот на Скопје, или Грчец/ Дуќанџиќ за чии припадници веќе има пресуда. Главниот Шеваљ Муареми е во бегство во Дубаи. Судењата за Беланоца/Барон, како и за групата на Штекли се во тек во скопскиот кривичен суд.