Реклама
Македонија

МЗ: Здравјето на граѓаните на прво место, угостителите не се на удар

Предлог-законот за заштита од пушење не е удар за угостителите, туку борба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за заштита од пушење не е удар за угостителите, туку борба за здравјето на граѓаните – уверуваат здравствените власти. Од ресорното министерството јасно порачуваат – здравјето нема цена и не смее да биде жртва на отровниот чад. Од кабинетот на Азир Алиу категорично ги отфрлаат обвинувањата дека новите правила ќе го уништат угостителскиот сектор. Напротив, велат, законот носи почиста и побезбедна средина и за гостите и за вработените.

“Предлог-законот за заштита од пушењето не уредува дали некој ќе пуши, туку само јасно става до знаење каде тоа не смее да се прави со цел да се заштити здравјето на сите пристуни лица. Клучен аспект на законот е третирањето на тутунскиот чад како прашање на безбедност и здравје при работа, а не како прашање на животен стил. Државата има обврска да обезбеди здрава средина за вработените во угостителските објекти, кои се најдолго и најинтензивно изложени на штетниот чад“, велат од Министерството за здравство.

Според предложеното во законот, во рестораните и кафулињата ќе биде дозволено пушење само на терасите ако се отворени од 3 страни, а не како досега застаклени или преградени со фолии. Казните за непочитување се движат од две до пет илјади евра. Угостителите велат дека новиот закон има добри цели, но неговата примена ќе биде предизвик за секторот. Имплементацијата ќе бара време, организација и поддршка од надлежните институции.

Реклама

Лекарската фела оценува дека најавениот нов закон против пушење ако се имплемнтира до крај ќе даде добри резултати.

Секое намалување на цигари е добредојдено, на било кое јавно место дали во училишта, болници, ресторани кафани…секаде е добредојденовели д-р Каркински.

Првиот закон за заштита од пушење во Македонија е донесен во 1995 година и оттогаш е изменуван повеќе пати. Во 2010 година беше воведена целосна забрана за пушење во сите угостителски објекти. Во март 2018-та, по предлог на СДСМ и по скратена постапка, законот беше ублажен и беше дозволено пушење на терасите. По тие измени, дел од угостителите ги затворија терасите со метални конструкции, практично спојувајќи ги со внатрешниот простор, поради што чадот се шири низ целиот објект.

Новиот закон за заштита од пушење треба да започне да се применува од 1 март.