Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека денеска спровел вонреден инспекциски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) информира дека денеска спровел вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци по добиена наредба од министерот за здравство, а во врска со третманот и лекувањето на доенче У.М на оделот за педијатрија во таа здравствена установа, кое почина 14 јануари.

Од ДСЗИ наведуваат дека со оглед дека во тек е патоанатомска обдукција, точната причина за смрт ќе произлезе од извештајот по нејзиното завршување.

Согласно надлежностите, од увидот на медицинската документација и здравствена евиденција констатирано е дека доенчето У. М старо два и пол месеци, родено на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство Скопје било донесено на оделот за педијатрија во болницата на 12 јануари со упат од матичен лекар заради чести повраќања (четири до пет во тек на 24 часа) и поспаност. На прием тоа е прегледано од специјалист педијатар и назначени се биохемиски иследувања, поставена е дијагноза R11 (гадење и повраќање). На прием тоа било без покачена температура, со висока сатурација, свесно, реагира на дразби. Вклучена инфузиона терапија. За време на болничкиот престој вклучена била и исхрана преку уста со адаптирано млеко на секои два часа. На ден 13.01.2026 состојбата на доенчето е стабилна и е афебрилно, посочуваат од ДСЗИ.

Реклама

На 14 јануари повторена е анализа на урина и добиен е уреден наод. На визита спроведена во 15,30 часот истиот ден здравствената состојба била стабилна, а во 20:48 часот дежурниот лекар бил известен од  сестрата на оддел и мајката дека доенчето не дише по што веднаш било префрлено во соба за интервенции. Констатирана е генерализирана цијаноза и отпочнато е со реанимација од страна на педијатарот и специјалист анестезиолог по протокол која траела 40 минути, но без одговор. Во извештајот како основна причина за смрт од анестезиологот е наведена „ненадејна смрт на доенче“. Случајот е разгледуван и на стручен колегиум и од страна на Комисијата за квалитет, наведуваат од ДСЗИ и додаваат дека иницираат до министерот за здравство да се формира комисија за стручен надзор.