Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Град Скопје: Избрани најубаво украсените тераса и двор, како и ученички расказ, во рамките на манифестацијата „Украсуваме по СКОПСКИ“

Во празничниот дух на новогодишните и божиќните денови, во рамките на манифестацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во празничниот дух на новогодишните и божиќните денови, во рамките на манифестацијата „Украсуваме по скопски“ беа избрани најубаво украсената тераса, најубаво украсениот двор во Скопје и најубав ученички расказ. Преку оваа иницијатива се истакнуваат креативноста и посветеноста на граѓаните кои со своите домови создадоа топла, светла и автентична празнична атмосфера воградот, информираат од Град Скопје.

– По детаљна евалуација и теренска посета на сите пријавени учесници, жири-комисијата ги избра највпечатливите празнични уредувања, каде што вниманието кон деталите, креативниот пристап и љубовта кон празниците беа јасно препознатливи. За најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа беше избрана Адријана Јовановиќ, улица Темко Попов бр. 33а, населба Маџари – двор што зрачеше со топлина, светлина и вистинска празнична магија. Награда: 20.000 денари. За најубаво новогодишно украсена тераса од стан беше избрана Теа Ивановска, улица Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 149-2/7, населба Козле – пример како и мал простор може да стане голема празнична приказна. Награда: 20.000 денари. Во категоријата најубав расказ на тема „Новогодишни желби и празнувања“ наградата ја освои Христина Наумов, ученичка во СУГС „Ѓорѓи Димитров“, со искрен и инспиративен текст што ги пренесува празничната надеж и детската радост. Награда 5.000 денари, пишува градоначалникот на град Скопј,е Орце Ѓорѓиевски, на „Фејсбук“.

Тој додава дека изборот го направила жири-комисија составена од реномирани новинари и медиумски професионалци. 

Реклама

Со „Украсуваме по скопски“, нагласува тој, Скопје уште еднаш покажува дека најубавите празници се оние што ги создаваме заедно. 

– Светлината, креативноста и желбата за убаво секојдневие започнуваат од домот, а се шират во целиот град. Скопје го разубавуваме заедно. По скопски! Светлината на празниците доаѓа од домовите – избрани најубаво украсените дворови и тераси во Скопје. Во магијата на новогодишните и божиќните празници Скопје блесна со посебна топлина, онаа што доаѓа од домовите на граѓаните – пишува Ѓорѓиевски.

Според него, оваа манифестација била посветена на поттикнување на граѓаните активно да учествуваат во создавањето на празничниот амбиент претворајќи ги своите домови во мали светлосни приказни што го разубавуваат секое маало и ја прават празничната атмосфера на Скопје потопла, поблиска и поискрена.