Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Речиси целосно искористени средствата од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, премиерот задоволен од инвестицискиот раст

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, е задоволен од искористеноста на средствата издвоени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети.

Тој денеска во изјавата дадена за медиумите во Кратово истакна дека од предвидените 250 милиони евра за оваа намена, досега преку развојната банка на компаниите им се префрлени приближно 225 милиони евра.

– Тоа е тој кредит што условно кажано го субвенционира Владата, со каматна стапка од 1,95 процент, три години грејс-период и до 15 годни рок на отплата. Очекувам веќе во првиот квартал оваа година тој да биде целосно исцрпен заедно со сопствените средства што банките ги инвестираат во развојните проекти на компаниите како поддршка на стопанството и економијата – рече Мицкоски.

Реклама

Премиерот рече дека во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број на проценти на раст.

– Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па и цела 2025 година, е двоцифрен број на проценти, во споредба со истиот период во рамките на еврозоната тој е два, два и пол процента, така што јас сум навистина задоволен од начинот на кој овие средства се искористени – рече Мицкоски.

Премиерот денеска престојуваше во работна посета на Кратово, каде што ја посети целосно реконструираната голема спортска сала.