Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Митреска: Монетарната политика на Народната банка ја поддржува ценовната стабилност во економијата

Поставеноста на монетарната политика на Народната банка има цел да овозможи натамошно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поставеноста на монетарната политика на Народната банка има цел да овозможи натамошно одржливо стабилизирање на инфлацијата и стабилни инфлациски очекувања. Во услови на присутна неизвесност, монетарната политика останува внимателна, а Народната банка е подготвена, доколку е потребно, да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност. Ова го истакна вицегувернерката Ана Митреска во рамките на панел-дискусијата на Форумот на Централна и Источна Европа, во организација на „Фајненшал тајмс“.

Како што информира Кабинетот на гувернерот, Митреска нагласи дека инфлацијата и понатаму се движи околу 4 отсто.

– Инфлацијата забележа значително намалување и се сведе на едноцифрено ниво како резултат на слабеењето на надворешните ценовни притисоци и спроведувањето претпазлива монетарна политика, поддржана и со макропрудентните мерки. Сепак, инфлацијата и понатаму се движи околу 4 отсто, што е над нејзиниот историски просек и над стапката на инфлација во еврозоната, но е споредлива со просечната инфлација во земјите од Централна и Источна Европа – истакна вицегувернерката Митреска.

Реклама

Таа нагласи дека ваквите движења укажуваат на постоење заеднички регионални фактори што ја одредуваат инфлациската динамика, меѓу кои се растот на платите и кредитниот циклус, при што процесот на дезинфлација кај нас и во земјите од регионот е подолготраен во споредба со еврозоната.

– Иако беше почнат процес на нормализација на основната каматна стапка, тој запре во февруари минатата година по што дополнително беше зајакнат претпазливиот монетарен пристап преку инструментот задолжителна резерва и преку примена на макропрудентни мерки, со цел поефикасно утврдување на инфлациските очекувања – посочи Митреска нагласувајќи дека Народната банка и понатаму ќе пристапува внимателно при носењето на монетарните одлуки со цел обезбедување одржлива макроекономска и финансиска стабилност. Се очекува ваквата поставеност да обезбеди понатамошно намалување на домашната инфлација.

Форумот на Централна и Источна Европа претставува еден од најзначајните и најреномирани годишни настани во областа на финансиите, на кој традиционално учествуваат високи претставници на централните банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и меѓународни инвеститори.