Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

СДСМ како 13-то прасе: Сите го оставија Филипче, остана осамен во желбите за пржинска Влада

СДСМ како 13-то прасе, останаа осамени во желбите по секоја цена да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ како 13-то прасе, останаа осамени во желбите по секоја цена да се одржи пржинската Влада, механизмот за решавање на политичка криза во државата пред повеќе од деценија. Венко Филипче остана сам и во одлуката да не присуствува на лидерска средба, каде што сите политички субјекти се согласија дека моделот техничка Влада повеќе не е потребен.

Познавачите велат дека првиот човек на се уште најголемата опозициска партија, погрешил и пропуштил шанса на заедничка маса со власта и другите политички лидери во државата, да ги каже своите ставови. Политичкиот аналитичар Александар Ристевски за Алфа вели дека токму сега е вистинскиот момент да се говори за ваквите законски промени со оглед на тоа што следните избори има уште речиси 2 и пол години. 

-Тоа што СДСМ го прави како парламентарна партија ми е во основа неразбирливо од проста и едноставна причина, во време кога нема во блиска иднина избори, барем не треба да има во наредните 2 и пол години, тоа е вистинско време каде што треба да се разговара и за оваа промена која веќе се внесе претходно во изборниот закон, но и за промена можеби на избирачкиот список, на начинот на гласање и останати работи. Да не се учествува е стартно откажување за да може да се влијае во процесот, изјави Ристевски.

Реклама

Иако Филипче и СДСМ решија да не дојдат на лидерска, премиерот Христијан Мицкоски покажа еден вид широчина и отвореност за нивните барања. Доколку се толку цврсти на својот став дека мора да има техничка Влада, таа ќе остане како модел и пред следните парламентарни избори, по што целосно ќе биде укината. Според Ристевски ова на еден начин му ги измеша картите на Филипче, кој можеби и не очекуваше такво нешто и целосно ја турна една од главните теми во реториката на СДСМ последнава недела.

-Оваа отстапка или исказ на претседателот на Владата Мицкоски, што укажува еве уште и за едни избори би го дозволил, јас пак ќе кажам дека е непотребно, но сепак е чекор на отстапка каде на еден начин би се замолкнале тие кои нема да учествуваат на овие средби, Филипче и СДСМ. Сметам дека самата форма на техничка Влада прво е измешана, второ затоа што е неизводлива во дадениот момент, затоа што две од министерствата каде што би се направиле тие промени, како такви не постојат, изјави Ристевски.

По лидерската средба на која не присуствуваше единствено Филипче, Вреди, ЗНАМ и Левица дадоа поддршка на идејата на премиерот Мицкоски да се укине моделот техничка Влада, додека лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа дека својот став ќе го соопшти по консултациите со стратешките партнери Европската Унија и САД.

Матеја Петровски