Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Се разгледува можноста повредените од „Пулс“ повторно да одат на рехабилитација во Пониква

Се разгледува можноста Полициското одмаралиште на Пониква повторно да ги отвори вратите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се разгледува можноста Полициското одмаралиште на Пониква повторно да ги отвори вратите за рехабилитација на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“. Идејата се разгледува откако дел од повредените покажале интерес повторно да престојуваат на Пониква, каде претходно беа сместени во рамки на процесот на закрепнување.

Бидејќи голем дел од нив веќе се вратија на факултетите, училиштата и секојдневните обврски, престојот би можел да се организира само во летниот период. Освен социолошкиот момент, Пониква има клучна улога и во подобрување на белодробната функција кај повредените.

„Веќе имаат некакви обврски. Кога повторно би се организирало, тоа би го реализирале како еден тип на летен распуст. Тоа е планина и добро делува на нивните бели дробови, како и во однос на социолошкиот и психолошкиот аспект. Знаете, препораката останува – во наредните две години мора да бидат заштитени од сонце, посебно во летниот период“, изјави директорката на кочанската Општа болница, д-р Катерина Паниќ Мирчовска.

Реклама

Тамошниот престој, покрај медицински, има социјален и психолошки бенефит и претставува клучен чекор во целокупниот процес на закрепнување на повредените. Со континуирана стручна поддршка, тие биле охрабрени повторно да се вратат на активностите со кои се занимавале и пред трагичниот настан.

„Пробувавме сите да ги вратиме на нештата што пред настанот ги правеле секојдневно… кај музичарите имавме задача повторно да ги вратиме да свират на инструменти. На студентите по медицина, со колегите од Пластична хирургија, им организиравме разговори за да видат дека им функционираат прстите и дека еден ден ќе бидат добри лекари“, изјави д-р Катерина Паниќ Мирчовска, директорка на ОБ-Кочани.

Во јуни минатата година, со одлука на Владата, одмаралиштето на МВР на Пониква беше преадаптирано за потребите на повредените во дискотеката „Пулс“. Во објектот, во три групи, повредените престојуваа по две недели. За време на престојот со нив работеа физиотерапевти, психолози, лекари-специјалисти, со цел целосно физичко и психолошко закрепнување.