Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Петгодишна стратегија за поголема конкурентност на малите и средните претпријатија

Министерството за економија и труд денеска ја презентира петгодишната национална стратегија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за економија и труд денеска ја презентира петгодишната национална стратегија за развој на малите и средните претпријатија, која треба да овозможи поголема конкурентност и зголемување на извозниот потенцијал на овие претпријатија. 

Стратегијата, како што беше посочено на презентацијата, содржи мерки за поедноставување на регулативите, подобрување на пристапот до финансии и поддршка за зелена и дигитална транзиција на овие претпријатија. 

Малите и средните претпријатија претставуваат ’рбет на националната економија сочинувајќи речиси 99 проценти од вкупниот број претпријатија и обезбедувајќи егзистенција за речиси три четвртини од вработените.

Реклама

– Малите и средните претпријатија не се само дел од нашата економија – тие се нашата економија. Секој нивен успех значи посигурна иднина за едно семејство и посилна држава. Со стратегијата за МСП 2025 – 2030 создаваме услови тие да бидат лидери на промените, а не нивни следбеници – истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Документот, како што посочи Дурмиши, е изработен со инклузивен процес и е целосно усогласен со политиките на Европската Унија.

– Стратегијата директно ја подготвува нашата економија за интеграција во единствениот европски пазар – рече Дурмиши.

Имплементацијата ќе ја координира Министерството за економија и труд во партнерство со релевантните институции, стопанските комори, финансиските институции и меѓународните партнери. Предвидени се и механизми за редовно следење и оценување со цел обезбедување транспарентност и мерливи резултати во периодот 2025 – 2030 година.