Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Јанчев: Изградба на нов објект во рамки на спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци

Се гради нов објект во рамки на спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се гради нов објект во рамки на спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

– Со изградбата на спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, кој започна во деведесетите години, нашата спортска инфраструктура доби значаен импулс и долго време овде се одвиваа натпревари, тренинзи и големи спортски настани. Но, делот од просторот каде требаше да се изгради доградба и долго време беше запуштен – без никаква реализација и со изглед на напуштено место. Дојде моментот конечно да прерасне во нов, модерен спортски објект во рамките на Спортскиот центар „Јасмин“, соопшти Јанчев. 

Изградбата почна денеска на површина од 1.000 м² во основа, со подрум, приземје и кат, каде ќе има куглана, сала за гимнастика и седум апартмани за сместување на спортисти на горниот кат. Проектот е со финансиска конструкција од 118.000.000 денари. 

Реклама

– Целосно преку Влада – втор повик и претставува голем чекор напред за спортот и развојот на нашиот град. Кавадарци станува се поактивен, модерен и спортски ориентиран град, информира Јанчев.