Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Владата го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во ЕСЧП

Владата на денешната седница го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на денешната седница го усвои предлогот на Комисијата за номинирање кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експертите при Советот на Европа во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати –  професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошкова.

По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, како што информираат од владината прес-служба, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Владата на денешната 141. седница била информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права. Во таа насока Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како што информираат од владината прес-служба, ја презентирала Информацијата за реализираните активности во согласност со известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.

Реклама

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур во ноември минатата година ги предложи адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски да бидат испратени на разгледување до експертскиот панел на Советот на Европа. 

Како што информираше претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, тогаш на прес-конференција, одлуката ја донеле врз основа на критериумите за висок морален углед, квалификации за судиска функција и признат правнички углед.

Покрај избраните, меѓу кандидатите биле Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ и Ана Дангова-Хуг.

Владата во јули минатата година ја поништи претходната предлог-листа и формира нова Комисија за избор на кандидат за судија во ЕСЧП во Стразбур, која наместо претходните девет, брои пет члена, и тоа претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, заедно со претседателите: на Врховниот суд – Африм Фидани, на Основниот кривичен суд – Даниела Димовска, Основниот граѓански суд – Бесник Авдија и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители – Ирина Трајкоска Стрезоски.