Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Анџела Агелер.

На средбата Гаши изразил благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Особено била нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.

Претседателот на македонското Собрание упатил благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евро-атлантската ориентација на земјата. Во тој контекст била нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.

Реклама

Гаши нагласил и дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој исто така изразил уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.