Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Прилози

Гаши е за редовни избори, но не и за техничка Влада, на лидерската во среда од опозициските партии присуство најавија единствено од Левица

Редовни парламентарни избори и укинување на пржинската влада – ова е ставот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редовни парламентарни избори и укинување на пржинската влада – ова е ставот на собранискиот спикер Африм Гаши. На деншниот брифинг со новинарите Гаши порача дека формирањето технички влади за предвремени избори не е угледно, особено за земја членка на НАТО. Според него предвремените избори кои ги бара опозицијата не се опција затоа што пратениците треба да го завршат мандатот и граѓаните да ценат колку било реализицирано од ветеното.

  • „Ако се враќаме назад, тоа беше ад-хок решение за таа политичка криза да се надмине. Мислам дека стабилна Влада, како членка на НАТО, не е угледно да формираме технички влади за организирање на предвремени избори, до толку што гледаме дека изборните процеси особено последниве, течат по ред, нема некои забелешки. Еве вчера поминаа избори, сите си честитаа, никој немаше проблем околу победата“ – рече тој.

Укинувањето на техничката влада и предвремени парламентарни избори се очекува да бидат тема на дебата на лидерската средба која премиерот Мицкоски ја закажа за во среда. Лидерот на СДСМ, Филипче експресно одби уште пред да ја добие поканата. ДУИ пак тврди дека покана уште не добиле, а одлука за присуство ќе донесе претседателството.

  • „Нема средба за техничката влада. Тоа е последната линија ја одбрана од целосна злоупотреба на слободната волја на граѓаните за изборниот процес“ рече Филипче на 08.01.2026 година.
  • „Во овој момент не се знае дали ќе присуствуваме, тоа ќе одлучи претседателот и членовите на одборот“ велат од ДУИ.

Досега присуството го потврди Левица.

Реклама
  • „Како парламентарна партија, која една и пол година се обидува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку предлагање закони, преку консензус за некои државни прашања, сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог. За нас е најбитно да се создаде демократска атмосфера за време на изборите и нашите барања ќе одат во таа насока“, истакна Мециновиќ.

 Мицкоски испрати покани за лидерска средба до сите парламентарни партии. Средбата е закажана за Василица на 14 јануари и вообичаено ќе се одржи во Клубот на пратеници. На средбата се очекува да има дебата за техничката влада, но и за избор на Народен правобранител, како и за некои од законите од реформската агенда што се носат со двотретинско мнозинство, како оној за Јавно Обвинителство.

Од Владејачката коалиција ВРЕДИ, принципиелно стојат зад ваквата иницијатива на Мицкоски. Тие веќе информираа дека ВРЕДИ е секогаш отворена за секоја средба насочена кон функционирање на институциите и наоѓање решенија во интерес на граѓаните.

Потребата  од лидерска средба се наметна на политичката сцена откако премиерот побара политичко единство од сите партии во Парламентот, во однос на спроведувањето на реформите и изгласувањето на законите, се со цел  забрзување на евроинтеграцискиот пат на Македонија.