Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Прилози

Жените од Шуто Оризари почнаа редовно да одат на гинеколог, раните бремености и натаму аларм

Табуата паѓаат, свеста расте. Во Шуто Оризари полека, но сигурно се менуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Табуата паѓаат, свеста расте. Во Шуто Оризари полека, но сигурно се менуваат навиките – се повеќе жени редовно посетуваат гинеколог. Она што со години не беше пракса, станува реалност.

Ромките се почесто сами закажуваат прегледи и не чекаат проблемот да стане сериозен по нивното здравје, вели единствениот матичен гинеколог во општината, д-р Ламбе Крстески.

Според него, ако пред неколку години трудници за прв пат гледале гинеколог на породувањето, сега ситуацијата е поинаква. Бројот на прегледи во неговата амбуланта е се поголем, а тоа како што вели тој, се должи на подобра информираност, теренска едукација и јасна порака дека – прегледот спасува здравје.

Реклама

Гинеколозите велат дека се уште недостига сериозна и континуирана кампања за подигнување на свеста кај жените за значењето на редовните контроли. Според нив, голем дел од жените се уште доаѓаат на преглед дури кога проблемот е веќе сериозен. д-р Крстески апелира институциите, училиштата и локалните заедници активно да се вклучат во едукација за женското здравје, со јасна порака  гинеколошкиот преглед не е срам, туку грижа за себе.

Недоверба, страв и недоволна информираност се главните причини зошто жените го занемаруваат своето здравје. Лекарите предупредуваат – редовниот преглед може да спаси живот.

Горлив и загрижувачки податок е што најмладата мајка што се породила во оваа општина пред само неколку месеци има само 13 години. д-р Крстески предупредува – малолетничките бракови и раните бремености остануваат еден од најголемите социјални и здравствени проблеми.Тој објаснува дека ваквите случаи носат сериозни ризици и за мајките и за децата, а најчесто се последица на недоволна едукација, традиционални практики но и сиромаштија.

Жените од Шуто Оризари повеќе од 10 години немаа матичен гинеколог. Сите специјалисти кои доаѓаа, брзо си одеа. д-р Ламбе Крстески повеќе од три години е единствениот матичен гинеколог во општината, заедно со медицинската сестра Сабдер Абдула.

Гинеколошката амбуланта во оваа општина која со години претставува значаен столб на здравствената заштита на жените се соочува со сериозни предизвици за својот опстанок. Иако во моментов околу 2.500 жени му ја имаат довербата доверено на д-р Крстески, бројката не е доволна за стабилно и одржливо функционирање на амбулантата.