Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Прилози

Бугарија нема намера да мрдне ниту сантиметар од своите позиции, патот кон ЕУ останува блокиран и годинава

Најверојтано и во оваа нова 2026 година нема да ја видиме отворена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најверојтано и во оваа нова 2026 година нема да ја видиме отворена врата кон ЕУ. Печатот за ваквото црно сценарио го гледаме по новите провокации од Софија, каде македонскиот јазик беше наречен „јазик достапен за граѓаните“, наместо македонски. Со ова практично паѓаат во вода надежите дека во Софија ќе преовлада разумот. Токму спротивното – покажаа дека Уставот не е последниот услов.

Поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев предупредува дека проблемот одамна не е само технички или формален, туку длабоко политички и идентитетски. Тој укажува дека Брисел со селективниот пристап кон Украина го нарушил темпото на проширувањето во регионот, а дека Македонија дополнително била втурната во преговарачка рамка обременета со билатерални услови кои навлегуваат во историјата и образованието.

Според него, таквата рамка бара од Македонија да менува делови од својата колективна меморија, што е преседан за европското проширување.

Реклама

„Целата преговарачка рамка се обременува со непотребна билатерализација, која условува Македонија да изврши ревизија на својата историја, со потпишаните договори со Бугарија и Грција, со протоколите, да обезбеди туторство на својот образовен систем и промена на својата колективна меморија. Тоа е државнички неприфатливо и затоа нашата македонска држава се соочува со крајна непредвидливост во тој процес на чекорење по нашиот европски пат. Тоа не е наша вина, тоа е сепак таа креација на преговарачката рамка на договорите на ЕУ со Бугарија како членка на ЕУ, која што нашата претходна влада на СДСМ и ДУИ ги прифати.“- вели поранешниот амбасадор, Марјан Ѓорчев.


Во вакви услови, Ѓорчев смета дека државата мора да настапи со зачувано достоинство и сувереност, бидејќи европската интеграција не смее да стане процес на редефинирање на идентитетот, туку перспектива за стабилност, развој и сигурност.

„Ние сме држава и треба да си го зачуваме државничкото достоинство… инаку ако ги прифатиме сите овие неприродни состојби кои сега се споменати во преговарачката рамка, ние ризикуваме да ја нарушиме нашата државност, сувереност и независност.“– вели Ѓорчев.

Новата ситуација со „достапен јазик“ само долева бензинот во стариот оган кои со години ја гори Македонија. Акцискиот план за правата на заедниците, кој Македонија го подготви со меѓународни експерти, беше поздравен во Брисел, но повторно проблематизиран во Софија – не по содржината, туку по јазикот.

Премиерот Христијан Мицкоски повторно истакна дека идентитетот не е тема за условувања, а по уставните измени мора да постојат гаранции дека нема да следат нови барања од Софија.

Аналитичарите го оценија овој потег како неопходен, бидејќи – велат – судејќи по однесувањето на Софија, тешко е да се верува дека барањата ќе застанат само на уставните измени. Затоа, според нив, барањето Македонија да добие европски гаранции дека нема да има нови блокади, вета и условувања е легитимно и корисно, и за процесот и за државата.