Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Прилози

Техничка или пржинска Влада е уште одамна надмината работа: Иницијативата на премиерот Мицкоски е сосем очекувана

Повеќе од деценија откако беше донесен форматот пржинска односно техничка Влада, тој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од деценија откако беше донесен форматот пржинска односно техничка Влада, тој веќе е надмината работа и потребно е негово укинување. Во Македонија веќе долги години ја нема политичката криза, поради која беше постигнат тој пржински договор, кој предвидува технички премиер и министри на предлог на опозицијата да бидат да стапат на функција на 100 дена пред одржување на парламентарни избори. Според познавачите она што го иницира премиерот Христијан Мицкоски е повеќе од очекувано.

Политичкиот аналитичар Александар Ристевски смета дека е добро што власта иако може сама да донесе промена во овој дел, сепак покажува отвореност и повик сите политички чинители да се договорат заедно и оваа одлука да биде донесена со консензус.

-Поентата не е да се поларизира политичката сцена, него да се констатира дека форматот на техничка Влада или пржинска Влада како иницијално беше наречен е надминат, зошто, затоа што таков формат јас барем не познавам земја каде што главните министрества и премиерот поднесуваат оставка 100 дена во очи изборите. Мислам дека тој формат е обележје на некоја криза општествена и институционална, така да не гледам потреба за тоа, изјави Ристевски.

Реклама

Техничката Влада претставува еден вид блокадата на државата повеќе од три месеци, бидејќи нејзините дејствија на еден начин и не постојат во тој период. Ристевски смета дека тоа доведува и до недоверба кај надворешниот фактор и партнерите на Македонија.

-Генерално тој формат генерира дополнително разделеност и поделеност, но истовремено гради систем на недоверба, истовремено дава една форма на потврда пред странските инвеститори и пред меѓународната заедница и останатите дека сме држава во која не владее правото. На крајот на краиштата, вие го терате министерот и неколку учесници активни во Владата кои имаат активен мандат да дејствуваат вонинституционално, а одредни да кажеме одредени повереници бидат дел од Владата, изјави Ристевски.

Актуелниот закон за Влада, кој го предвидува овој модел беше донесен по договорот потпишан во Пржино на втори јуни 2015-та година. Со истиот се предвидува дека на 100 пред одржување на парламентарни избори државата добива технички премиер, а на предлог на опозицијата се назначуваат министри за внатрешни работи и труд и социјала, додека пак најголемата опозициска партија добива и неколку дополнителни заменик министерски места.

Пред одржувањето на последните парламентарни избори и од СДСМ кажаа дека се против овој модел. Поранешниот премиер и лидер на социјалдемократите Димитар Кочаевски кажа дека ваквиот закон бил донесен во други специфични услови во државата кои веќе ги немало.

Матеја Петровски