Реклама

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Прилози

Нови провокации од Бугарија: За Софија не постои македонски јазик, туку „јазик достапен за нив“

Бугарија не престанува со провокациите. Сега за нив не постои македонски јазик,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија не престанува со провокациите. Сега за нив не постои македонски јазик, туку јазик достапен за граѓаните од Македонија. Откако премиерот Христијан Мицкоски предупреди дека на источниот сосед му пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинства, реагираа од Софија. Уште еднаш само потврдија дека имаат проблем со постоењето на нашиот јазик, кој официјално и понатаму не го признаваат.

Преку соопштение од бугарското МНР изразуваат загриженост од како што ги нарекуваат последователните тези на властите во Скопје, за кои сметат дека остро се разминувале со есенцијата на европскиот консензус од 2022-ра година. Посочуваат дека нацртот за планот не бил на македонски, кој патем не го споменуваат, туку на англиски јазик.

-Прашањето – на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од Северна Македонија – е внатрешно за соседната држава и не е тема на билатералните односи. Документот ќе се спроведува токму од нејзините институции кон нејзините сопствени граѓани и логично е да биде на јазик достапен за нив. Изборот на Скопје да го претстави нацртот на тој план на своите граѓани на англиски јазик е тешко објасниво, особено ако се планира Планот да биде реално спроведен, велат од бугарското МНР.

Реклама

Од македонското МНР бараат Бугарија да покаже европско однесување. Потенцираат Македонија останува доследна на европските прави и на мериот базираниот пристап кон проширувањето. Велат дека предлог акцискиот план за заштита на правата на припадниците на заедниците е избранотен на македонски и англиски јазик, од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Севетот на Европа и Европската комисија.

-Загрижува фактот што, наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, документот е предмет на апстрактни и неосновани коментари од страна на Бугарија, што не придонесува за градење доверба и добра верба меѓу двете држави. Наместо неаргументирани коментари, од нашиот сосед очекуваме европско однесување, меѓу другото и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик, велат од нашето МНР.

Инаку, премиерот Мицкоски кажа дека на Бугарија и пречело што Акцискиот план бил на македонски јазик. Вели дека во меѓународна употреба, согласно Уставот, официјален јазик е македонскиот, а тој како премиер, ниту било кој друг од Владата може да го крши Уставот. Потенцира дека ако официјална Софија мисли дека документот ќе биде пратен на друг јазик, тоа нема да се случи, бидејќи друг јазик државата нема. 

Матеја Петровски