Реклама
Прилози

Мицкоски: Проектот „Градски воз“ е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град

До крајот на годината градскиот воз во Скопје ќе стане реалност. Проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на годината градскиот воз во Скопје ќе стане реалност. Проектот е од исклучително значење за главниот град и приградските општини, а првата фаза веќе е започната вели премиерот Христијан Мицкоски. Очекувањата на Владата се дека со овој железнички превоз значително ќе се растовари сообраќајот во Скопје и драстично ќе се намали користењето на патничките моторни возила, бидејќи возот ќе биде брз, удобен и достапен за граѓаните од околните и приградските општини.

„Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација ќе се обраќа електрична локомотива, електричен воз и 360 милиони денари е вредноста на проектот“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски, вели дека освен што ќе се намали метежот во сообраќајот, со овие проекти ќе се намали емисијата на штетни честички во воздухот. Градскиот воз ќе ги поврзе Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода, па и дел од приградските општини.Според планираното би се сообраќал на 15 до 30 минути, со едноставни карти и јасен ред на возење. Влегуваш, седнуваш и излегуваш.

Реклама

„Првата делница е од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром до центар на Скопје практично, главна железничка станица. Втората делница е од Миладиновци Илинден до Маџари, до главната централна железничка станица, а третата делница е од таа централна железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче до Волково. Отприлика ова ќе биде рутата и цениме дека на овој начин ќе се растерети сообраќајот во Скопјеизјави премиерот.

Првата фаза на градски воз од Зелениково до Центар е во должина од 24,5 километри и чини 5,7 милиони евра. Втората делница од Драчево до Илинден која е во должина од 7,7 километри и чини 3 милиони евра.