Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, во првиот квартал законски измени

Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите за оние трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики во кој сега максималната глоба е 20.000 евра. 

– Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш во моите изјави се обидувам да испратам порака до тие кои се однесуват незрело, неодговорно и лакомо. На тој начин не може да се води бизнис – кога само едната страна добива. Тие сакаат да водат бизнис, тие да добиваат, а граѓаните да губат. Во овој случај, неколку ланци на маркети добиваат и бидејќи гледам дека сите наши апели не стигнуваат и се обидуваат да ги видоизменат тие нефер трговски пракси, тоа внимателно го документираме и следиме. Кога ќе бидеме целосно подготвени, а тоа мислам дека ќе биде наскоро, ќе преземеме жестоки мерки, изјави премиерот при денешното пуштање во употреба на градинка во Сопиште. 

За тоа дали тие маркети се дел од ланецот за кои беше утврдено дека квартално се здружувале, тој рече дека тоа е случај од минатата власт на СДСМ и ДУИ и дека оваа Влада само го процесуирала. 

Реклама

– Тоа е рецидив од претходната влада на СДСМ и ДУИ, оваа Влада само го процесуираше. Однесувањето на оваа Влада е да има порака на опомена. Гледаме дека тие два-три ланци на маркети не се корегираат и ако не можат да ја препознаат пораката и главен интерес им е профитот на сметка на граѓаните, тогаш како Влада немаме други опции за да ги заштитиме граѓаните, рече Мицкоски.